+389 71 307 301 +389 75 32 23 23

Дестинација: Дихово – Низ моликите на Пелистер

(0)
from/per person 0
  • патувањe 3 дена
  • минимум 2 лица
  • цена по лице 2990

Description

Најпознатото туристичко село – Дихово е вашето место за одмор под Пелистер. За Lonely Planet, Дихово е една од дестинациите кои секој што доаѓа во Македонија мора да ги посети! Уште повеќе што вашиот престој е во Вила Дихово, уникатно и крајно релаксирано место каде покрај превкусната храна се точи и домашна ракија, пиво и вино!

Три дена поминати во прегратките на најстариот Национален Парк ќе ве „ресетира„ и подготви за урбаното жешко лето! Нашиот водич ќе ве поведе на лесна прошетка низ планина, притоа ќе ги сподели приказните за пелистерските битки и манастири, легенди и митови но и ендемичната флора, пиопуларните молики.

Пред заминување, слатко задоволство со дегустација на мед и апитерапија.

Во слободното време уживајте низ потпелистерските села на точак! Висококвалитетни велосипеди за дружба и истражување низ тесните селски улички! За оние со подобра кондиција и Битола е блиску!

За помрзеливите, дворот на Вила Дихово е вистинското место за опуштање и весел разговор во друштво!

Сместувањето е во Вила Дихово со доручек.

Технички информации

Пристигнување и сместување

Слободно време за прошетка низ селото или со велосипед

Ноќевање во Вила Дихово во с.Дихово, под Пелистер ( сместување со доручек)

Вклучено:

  • 2 ноќевања со доручек
  • 1 полудневна екскурзија со водич

*Сопствен превоз

Сместување после 12 часот

Доручек

Во прегратките на Пелистер –  Полудневна прошетка низ планина со водич

ноќевање

UIMLA лиценцирани водичи

Доручек

Дегустција на мед и апи терапија

заминување

Сопствен превоз

*по барање на гостите може да се организира и офф роуд екскурзија до езерата Пелистерски очи

Планинарење до Големо езеро на Пелистер