Иновативна авантура која не може да се доживее никаде на друго место освен во Мариовскиот крај. За време на турата, водени од специјално обучени водичи-инструктори, облечени во професионални заштитни одела, гостите – авантуристи влегуваат и се движат низ еден од најубавите кањони во Македонија – кањонот на реката Градешка во атарот на селото Зовиќ.
Реката Градешка со својата беспрекорно бистра вода, специфичната камена структура на нејзиниот кањон како и филмскиот мост познат по филмовите на македонскиот режисер Милчо Манчевски, на гостите ќе им понуди уникатно доживување вредно за паметење и прераскажување.
Турата нуди и несекојдневна прилика за три дена гостите со водич да се запознаат со специфичната историја и природа на еколошки најчистиот крај во Македонија – Мариово. Сместени во Зовиќ вашата трпеза ќе биде месо под сач, мариовско сирење и локално произведени зеленчук и овошје, месено лебче. Сместувањето е во село Зовиќ веднаш до реката Градешка, во недопрена природа и мир. Вистинска АВАНТУРА за пријатели и семејства!
Технички информации
Пристигнување на гостите и сместување во село Зовиќ
Вклучено:
*Сопствен превоз
Сместување после 12 часот
Доручек
Посета на филмскиот мост во село Зовиќ Спуштање во кањонот на река Градешка и движење низ нејзините води (кањонинг)
Доручек
заминување