Од недопрена природа до превкусна трпаеза, Преспа е рај за пријатели и семејства! Совршен викенд, и одмор во мир и зеленило, и плажа, и локални специјатлитети и прошетка до некои од највредните македонски културно-историски знаменитости. Ова патување е овршено бегство од урбаното секојдневие. Толку блиску а толку необично-Дома си е дома!
Нашиот водич ќе ве поведе во истражување на скриените атракции на Преспа, започнувајќи од манастирот Св.Ѓорги во Курбиново, светски познат по фреската на „ангелот“насликана во ренесансен стил уште пред појавата на ренесансатат во Италија.
Оттаму, нашиот водич ќе ве одведе на гости во семејната фарма SPIRIT OF PRESPA во Царев Двор. Тука ќе ве почестат со највкусните домашни слатка и ликери а ќе можете да си наберете и цреши и јаболка.
Слободното време е ваше да го исполните со уживање на плажа во Долно Дупени или Сливница или пак со прошетка низ планина.
Опции за сместување:
Сместување: Вила Кирјана, Претор ( апартманско сместување, два ката целосно опремени за по 6 лица, максимум 12 лица вкупно)
Вила ЛиваЕ, с.Брајчино (сместување со појадок, 3 двокреветни соби, вкупно 6 лица, ресторан)
Технички информации
Пристигнување и сместување
Слободно време за на плажа или прошетка низ планина
Ноќевање во Вила Кирјана во Претор ( апартманско сместување) или во Вила ЛиваЕ во с.Брајчино ( сместување со доручек)
Вклучено:
*Сопствен превоз
Сместување после 12 часот
Доручек
Кажи ДА за ПРЕСПА – Полудневна прошетка низ Преспа со водич
Посета на манастирот во Курбиново
Посета на семејната фарма Spirit of Prespa
ноќевање
UIMLA лиценцирани водичи
Сопствен превоз
Доручек
Слободно време за на плажа или прошетка низ планина
заминување
Сопствен превоз
*по барање на гостите може да се организираат и екскурзија до Островот Голем град
Планинарење до Големо езеро на Пелистер
Со велосипед околу Преспанско езеро