+389 71 307 301 +389 75 32 23 23

Езерска мала авантура до Голем Град, Преспа

(0)
from/per person 0
  • авантурa 3 дена
  • минимум 4 лица
  • цена по лице 4490

Description

Вистинска несекојдневна авантура во срцето на Биосферниот резерват Преспа до најголемиот остров во Македонија – Голем Град. Заокружен од три страни со водите на три држави: Македонија, Грција и Албанија, Голем Град претставува вистински културен и природен музеј на отворено со археолошки остатоци од римско и хеленско време односно најголемата колонија на пеликани во Европа. Патот до островот води низ најбистрите и најдлабоките води на Преспанско Езеро преку заливот Лиса најмногу познат по омилениот коњ на Царот Самоил. Три дена во Преспа е рај за пријатели и семејства!

Сместени во Брајчино или Претор ќе имате можност покрај авантурата на Островот Голем Град која ќе биде уште поголемо доживување заради превкусниот пикник послужен покрај плажа, да уживате во преспанските прошетки на планина, возење велосипед или едноставно плажирање.

Преспа со водич е вистинска авантура за пријатели и семејства!

Технички информации

Пристигнување на гостите и сместување во Брајчино или Претор

Тип на услуга: ноќевање со доручек во рурален објект * во Вила Кирјана без доручек
Број на ноќевања: 2
Минимум број на гости: 4
Максимум број на гости: 8
Во турата не е вклучен транспорт до местото на сместување и локалниот транспорт

Доручек

Езерска авантура-со чамец/кајак (по избор) до Голем град, најголемиот остров во Македонија Пикник од локални специјалитети на остовот

Враќање

Ориентација и кратка обука на гостите за запознавање со основните безбедносни препораки

Доручек

заминување