+389 71 307 301 +389 75 32 23 23

ПАРАГЛАЈДИНГ Авантура: Пелагонија на дланка

(0)
from/per person 0
  • авантурa 3 дена
  • минимум 2 лица
  • цена по лице 4490

Description

Одлична комбинација од адреналин, култура и природа. Тандем параглајдинг во највисокиот град на Балканот – Крушево. Во надалеку познатата крушевска корија кадешто некогаш се бореле славните војводи Карев и Гули, вие ќе можете да се препуштите на вистинска авантура. Историски познатиот Мечкин Камен денес е светски позната локација за параглајдинг, адреналински спорт кој никого не оставил рамнодушен.

Нашиот водич ќе ве поведе низ историјата на градот Крушево која е испишана на секој негов агол и повеќе наликува на приказна – времеплов отколку на вообичаен туристички разглед.

сместувањето е во Вила Гора во Крушево.

Технички информации

Пристигнување на гостите и сместување во Крушево

Тип на услуга: ноќевање    

Број на ноќевања: 2

Минимум број на гости: 2

Во турата не е вклучен транспорт до местото на сместување и локалниот транспорт

Тандем параглајдинг скок со лиценциран пилот-инструктор

Туристички разглед на Крушево

Влез во Македониум и Музејот на Тоше Проески е вклучен во цената

заминување