Авантура на четири тркала низ најстариот Национален Парк во Македонија – Пелистер. Доживување културното и историското наследство на Баба Планина длабоко скриено во густа шума од молика, бор и бука. Во само три дена, несекојдневна можност да се видат патеките на борците од Прва Светска Војна, да се видат уникатните камените реки-морени и да се ужива во несекојдневната убавина на Големо Езеро на надморска висина од 2.200 метри. Сместени под Пелистер, во популарното Дихово ќе уживате во превкусна локална храна и домашно вино, пиво и ракија. За наслада на духот ќе ве послужиме со вкусен диховски мед на фармата на нашиот локален медар.
Технички информации
Пристигнување на гостите и сместување во село Дихово
Тип на услуга: ноќевање со доручек во рурален објект
Број на ноќевања: 2
Минимум број на гости: 4
Максимум број на гости: 18
Во турата не е вклучен транспорт до местото на сместување и локалниот транспорт
Доручек
Офф роуд авантура по патеките од Прва Светска Војна низ Национален Парк Пелистер
Мал одмор и освежување (ручек) покрај Големо Езеро
Слободно време за истражување на природното и културно богатство околу Големо Езеро или кратко планинарење до врвот Ветерница
Враќање во Вила Дихово
Ориентација и кратка обука на гостите за запознавање со основните безбедносни препораки
Доручек
заминување